詳 細

  • マルティノフスキ 遠くて、近い マケドニアにおける日本文学の受容 (マケドニア語)

    Далеку, а блиску.

    Владимир Мартиновски
    Скопје, Издавачки центар ТРИ 186 c. hard

    2020 年   ISBN  9786082307275   R286661

    Пред нас е книга посветена на јапонската книжевност и на нејзината творечка рецепција во македонската книжевна средина. Компаратистот Владимир Мартиновски ги анализира танките на Ки но Цурајуки и Оно но Комачи, хаику-бисерите на Кобајаши Иса и Јоса Бусон, патописите и песните на Мацуо Башо, романите на Сеи Шонагон, Јасунари Кавабата и Кензабуро Ое, поетиката на зен-приказните и на драмите на Чикамацу Монзеамон, а со серија есеи и огледи се осврнува и на значајни дела од современата македонска поезија, настанати во креативен дијалог со јапонската книжевност.

    Сите ја знаеме и неретко ја применуваме синтагмата „Блиску, а далеку“. Најчесто кога алудираме на некој неуспех, кој за малку ќе бил успех. Или кога мислиме на непознавањето на работи што ни се цел живот пред нос, а не сме ги забележале… Насловот на оваа книга на Владимир Мартиновски е своевидна инверзија на оваа позната синтагма.

    Можеби по читањето на овие 33 студии, огледи и осврти, кои претежно се однесуваат на класичната јапонска литература и на нејзината творечка рецепција во македонската книжевна средина, како и на еруптивниот интерес за хаикуто и за јапонската поезија во творечките лаборатории на современите македонски писатели, ќе можеме да помислиме, а дури и да кажеме: Далеку, а блиску!

    価格(税込み)    \17,490
    数量
    在庫を超える数量の場合は、ご相談とさせていただきます。